Илон Маск за еден ден „заработил“ над 32 милијарди долари

Богатството на американскиот претприемач Илон Маск се зголеми за 32,6 милијарди долари за само еден ден и достигна 304,2 милијарди долари. Скокот се должи на значителниот раст на акциите на неговата компанија Тесла.



На тој начин, богатството на Маск се врати на нивото од ноември минатата година, кога првпат во историјата неговото богатство надмина 300 милијарди долари

Акциите на Тесла,на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, „скокнаа“ за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година.

Акциите на Тесла поскапеа вчера, на првиот ден од тргувањето на Њујоршката берза оваа година, за 13,53 отсто, достигнувајќи 1.199,78 долари по акција, поради извештаите за рекордно зголемување на понудата на електрични возила во 2021 година..