Илон Маск влегува во бизнис со литиум чија цена вртоглаво расте

Извршниот директор на Tesla, неодамна им препорача на сите кои сакаат брзо да се збогатат да го сторат тоа на најлесниот можен начин – ископување на литиум.



Според ексцентричниот милијардер, Илин Маск, маржите на литиум сега се исти како и при производството на софтвер, бидејќи пазарните цени се приближно 10 пати повисоки од цената за екстракција.

Глобалниот недостиг на клучните компоненти на батериите ги подигна цените на рекордно ниво, а од минатата година цените на литиумот скокнаа за повеќе од 700%, никелот за 250% и кобалтот и манганот за 100%, па прашање е што значи тоа за забрзана транзиција кон електрични автомобили.

Минатата година, глобалната продажба на електрични автомобили се удвои, на 6,6 милиони единици. Поради зголемениот интерес за возила со батерии, побарувачката за литиум би можела да се зголеми и до десет пати до крајот на оваа деценија. Во светот, се бараат нови локации за ископ на литиум.

Според експертите од индустријата, испораките на литиум растат двојно побавно од побарувачката за електрични автомобили.

Илон Маск, кој неодамна го купи Твитер, рече дека можеби ќе основа своја компанија за ископ на литиум за да обезбеди резерви за „Тесла“ автомобилите.

Цената на никелот беше сенајде на насловните страници на почетокот на март, кога поради стравот од запирање на трговијата со Русија, цената достигна повеќе од 100.000 долари за тон, но оттогаш цената сепак се спушти на околу 33.000 долари…