Богатството на Илон Маск се намалило за повеќе од 200 милијарди долари од крајот на 2021 година.
Ова е најголемата сума што некогаш ја изгубил човек во светската историја, објави Блумберг.
Маск во ноември 2021 година „тежел“ околу 340 милијарди долари, но поради остриот пад на акциите на „Тесла“ производителот на електрични автомобили основан од него, како и по купувањето на „Твитер“ за 44 милијарди долари, неговиот имот сега се проценува на 137 милијарди долари.
Ова е најниското ниво на богатство на Маск во последните две години. Тој е на второто место во рангирањето на милијардери според Блумберг.
На прво место на листата е претседателот на групацијата компании LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy) Бернард Арн со богатство од приближно 162 милијарди долари.







