Илон Маск објави анкета на Твитер во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на Твитер и дека ќе ја почитува одлуката на корисниците.



Маск сугерираше дека е сериозен да се повлече од функцијата шеф на компанијата, но не е јасно каква ќе биде иднината на Твитер доколку Маск се повлече од функцијата извршен директор на социјалната мрежа која има 122 милиони корисници.

„Како што вели поговорката, внимавајте што посакувате затоа што може да се оствари“, напиша Маск на Твитер.
Речиси 12 милиони корисници учествуваа во истражувањето до 06:57 часот. Од нив 56,3 отсто гласале за негова оставка и остануваат уште два часа до затворањето на гласањето.