Илон Маск, кој неодамна ја купи платформата за социјални медиуми со договор од 44 милијарди долари, објави на Твитер дека новиот извршен директор на Твитер е никој друг туку неговото милениче, кучето Флоки, од расата Шиба Ину.
Маск сподели слика од Флоки како седи на фотелјата на извршниот директор, облечен во маица со брендот Твитер и опкружен со документи и лаптоп.
Во серија твитови, Маск го изрази своето восхитување од неговиот нов извршен директор, за кој верува дека е подобар извршен директор од „другиот човек“, мислејки на себе или на поранешниот извршен директор, Параг Агарвал.
Потегот на Маск привлече различни реакции кај твитер заедницата, некои го гледаат како забавна шега, додека други го сметаат за уште еден пример за ексцентричното однесување на Маск., пишува „Бизнис тудеј“.







