Мултимилијардерот Илон Маск следната недела ќе го посети логорот на смртта Аушвиц, неколку месеци откако беше жестоко критикуван за промовирање антисемитска теорија на заговор на неговата социјална мрежа Х, пишува Индепендент.
Маск беше обвинет за антисемитизам во ноември минатата година.
Белата куќа веднаш ги осуди неговите коментари, а израелскиот претседател Исак Херцог ја критикуваше најавата на Маск. Маск потоа ја призна својата грешка, опишувајќи ја како „една од најглупавите“ работи што некогаш ги објавил на платформата.
Сега е објавено дека Маск оди на дводневно патување во Полска само една недела пред Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот на 27 јануари.
Посетата беше организирана од страна на Европската еврејска асоцијација за да се подигне свеста за порастот на антисемитизмот од израелската инвазија на Газа како одмазда за нападите на Хамас на 7 октомври.
„Сите знаат како национализмот, популизмот, расизмот и сите манифестации на ксенофобија и омраза се погубни за демократијата, човековите права и ЕУ“, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Анджеј Сејна.
„Мислам дека веројатно затоа господинот Маск е меѓу поканетите гости кои го потврдија неговото доаѓање“, додаде тој.






