Американскиот милијардер и сопственик на SpaceX, Илон Маск, објави дека компанијата го повлекла барањето до Пентагон.
Станува збор за барање за преземање на финансирањето на работењето на сателитскиот комуникациски систем Starlink во Украина.
„SpaceX веќе го повлече своето барање за финансирање“, напиша Маск во објавата на Твитер, коментирајќи ја статијата објавена од Политико.
По ѓаволите… Ќе продолжам да ја финасирам Украина
Американската телевизија Си-Ен-Ен минатата недела објави дека SpaceX испратил писмо до Министерството за одбрана на САД, во кое ги информира дека ќе престане да плаќа за работата на системот Starlink во Украина и бара од Пентагон да ги преземе дополнителните трошоци за финансирање на работата на систем.







