Обожавателите на ликот и делата на Илон Маск изградија споменик висок девет метри посветен на нивниот херој. Тоа ги чинело повеќе од 600.000 долари.



Алуминиумскиот споменик ја прикажува главата на најбогатиот човек на светот прикачена на телото на коза додека седи на ракета.

Козата е асоцијација со терминот GOAT (коза преведено од англиски), но и кратенка за „Greatest Of All Time“ (Најголем на сите времиња.

Споменикот е замисла на компанијата за криптовалути Elon GOAT Token ($EGT), која планира да му го открие на милијардерот во Остин на крајот на месецот.

\