Реагирајќи на веста дека претседателот Џо Бајден нема да полага когнитивен тест за време на неговиот годишен физички преглед, основачот и извршен директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, во вторникот изјави дека полагањето на таков тест не треба да биде осамо опција за лидерот на слободниот свет, јавуваат медиуми.
Бајден (81), најстариот претседател на САД, покажа знаци на когнитивно опаѓање. Во извештајот на специјалниот советник на Министерството за правда, Роберт Хур, за ракувањето со доверливи документи од страна на Бајден, се вели дека причината поради која Бајден не е обвинет е затоа што на судењето, Бајден „најверојатно би се претставил пред поротата … како симпатичен, добронамерен, постар човек со слаба меморија..“
Мултимилијардерот Маск смета дека полагањето тест за менталните способности би требало да биде задолжително за претседателот на САД.
„Полагањето основен когнитивен тест не би требало да биде опција за лицето кое го контролира нуклеарниот куфер“, наведе Маск на социјалната мрежа ‘Х’
Претходно конгресменот Рони Џексон, кој работел како лекар на американските претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, кажа дека актуелниот американски лидер Џо Бајден треба да се подложи не на еден, туку на бројни тестови на менталните способности, по кои американските граѓани би требало да бидат запознаени со нивните резултати.
Трамп предложи сите кандидати за претседател на САД да го полагаат тој тест.
Овој предлог го поддржа и поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли, која бара номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија.






