Сатиричарот Иљче Затаракоски бара владата да ги објави сите хонорари исплатени на тајни хонорарци во последниве 3 години а не само за оваа година.
“Вадете ги списоците со останатите 970.000 евра што сте ги исплатиле на тајни хонорарци три години наназад
Не правите никого будала, туку сами од себе правите будали
Недрага Владо, Супер што го објавивте списокот на владини цицачи, само имајте предвид дека знаеме да собираме и според ова што го споделивте, исплатени се триесетина илјади евра, а истражувањето, како и вашиот портпарол потврди дека за 3 години се потрошени околу милион евра на хонорарци.
Така да, не туку замачквете очи, туку вадете ги сите списоци три години наназад!
И сега ботови шо не се на списокот ги бранат ботовите на списокот со „Ете! Ги извадија! Шо сакате сега?“ Списоците со останатите 970.000 евра шо ги исплатиле на тајни хонорарци ги сакаме!!!”, порачува Затаракоски во текстот што го пренесува Плусинфо со повеќе негови фејсбук статуси.





