Популарниот охридски интелектуалец Иљче Затаракоски кој на Фејсбук е познат по своите духовите досетки со кои ги коментира актуелните општествени случувања најде решение за болката на бугарските научници.
Откако академикот Кирил Топалов изјави дека Македонците пред 70 години од Србите го презеле погрдниот назив Бугари за Бугарите, Затаракоски најде решение.
Во познатата песна “Една мисла имаме” што ја пееше Војо Стојановски зборот Бугари во стихот “Ние не сме Грци, Бугари ни Срби” ќе се замени со зборот административци како што сакаат премиерот Заев и бугарската политичка елита да се нарекува бугарската фашистичка војска која ја окупирала Македонија во 1941.
Предлогот на Затаракоски:
? Ние не сме Грци, ни административци, ни Срби ?
“There! I fixed it. (Ете го решив проблемот)”, пишува духовитиот Охриѓанец.
Зошто Бугари не чини за Бугарите:
Топалов: Називот „Бугари“ звучи навредливо и понижувачки (ВИДЕО)






