Илјадници тетовци живеат како во Бангладеш, а Владата ќе ги носи во Европа!

„Високи температури, а населбата 146 во Тетово и натаму е без вода за пиење. Жителите се жалат дека се принудени да полнат вода од други населени места. И покрај тоа што е ископано, сепак нивната населба сѐ уште не е приклучена на водоводна мрежа.“ – вели ТВ 21 во својата репортажа.

„Веќе 30 години немаме вода, ниту канализација, асфалт. Тука стана како во Бангладеш.“ – се жалат граѓаните. Градоначалникот на Тетово Касам Билали изјави: ‘Овој проект за водоснабдување е еден од проектите, што се реализирани со многу недостатоци, кои ние ќе треба да ги решиме и спроведеме“

„Секој градоначалник кој бил на власт, само ветувал, но не успеал да изнајде решение за проблемот кој без вода остави илјадници жители.“