Илјадници луѓе се водат како исчезнати една недела откако невремето циклонот „Габриел“ го погоди Северниот остров на Нов Зеланд.



Бројот на загинати од бурата која на 12 февруари ја погоди државата во Тихиот Океан се искачи на 11.

Премиерот Крис Хипкинс го нарече циклонот „најголемата природна катастрофа на Нов Зеланд овој век“.

Полицијата соопшти дека уште две лица загинале во тешко погодениот залив Хок во околности поврзани со циклонот.

Можни се повеќе смртни случаи, изјави Хипкинс за новинарите во главниот град Велингтон, бидејќи 6.431 лице се водат за исчезнати, додека 3.216 се верува дека се безбедни.