Илјадници гладни во Газа упаднаа во складишта за храна на ОН

Илјадници жители на Газа упаднаа во магацини и дистрибутивни центри на Агенцијата за бегалци на ОН за палестински бегалци (UNRWA), крадејќи брашно и „основни артикли за преживување“, соопшти денеска организацијата.
„Ова е загрижувачки знак дека јавниот ред почнува да се распаѓа по три недели војна и цврста опсада на Газа“, соопшти агенцијата.



Помошта за Газа беше речиси невозможна поради израелското бомбардирање на густо населената енклава, како одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.

„Залихите се при крај, а хуманитарната помош што пристигнува во колони камиони од Египет до Газа е недоволна. Само за основно преживување, потребите на населението се огромни, а помошта што пристигнува е недоволна и нередовна“, се додава во соопштението на агенцијата на ОН.

Можноста да им се пружи помош е доведена во прашање поради воздушните напади во кои, како што тврди, загинале 50 членови на нивниот персонал.

Пред конфликтот меѓу Израел и Хамас, организацијата предупреди дека нивниот мандат е загрозен поради недоволно финансирање.