Барање за итни оставки на премиерот Бојко Борисов и владата, на главниот обвинител Иван Гешев, на директорот на државната телевизија Емил Кошлуков, на претседателот на Комитетот за култура Вежди Рашидов и на претседателот на парламентот Цвата Карајанчева побараа 1.000 претставници на уметноста и науката во Бугарија.



Отворено писмо со такво барање беше поднесено и дистрибуирано пред пет дена, а потоа го поддржаа 123 истакнати лица. На специјално креираната страница на Фејсбук, уметниците за кратко време успеаја да привлечат многу повеќе поддржувачи.

Во отвореното писмо, @креативниот еснаф и научници ги поддржуваат слободните граѓани кои протестираат, а не одредени политички формации и бараат оставка на владата поради голем број нарушувања во политиката и општеството#, јавува БГНЕС која ги објавува и барањата.