„Овде живее една прекрасна заедница, за која, добро знаете имам посебна почит. И кога бев претседател на државата, Пустец беше општина која најмногу сум ја посетувал во мојот петгодишен мандат“, изјави поранешниот албански претседател и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета пред жителите на Пустец.
Во Пустец вчара беше одржан изборен собир на кој пред жителите се претстави кандидатот за градоначалник Панди Јани.
„ И денеска сум тука да дадам поддршка за идниот градоначалник Панди Јани и визијата за развиена општина, подобра иднина на сите жители“, порача Мета од изборниот собир во Пустец, пренесе ТВ21.
Тој порача дека „заедно со идниот градоначалник Панди Јани“, ќе создадеме услови да ги задржиме младите тука и да ги вратиме во родното место оние кои заминале“.
„Да овозможиме на оваа прекрасна македонска заедница да ги негува и зачува и својот национален идентитет, обичаи, песни, ора, верски обичаи. Ветувам дека заедно ќе ја доизградиме внатрешноста на црквата, која денес ја посетивме и се помолиме за здравје и напредок“, рече Мета.







