Албанскиот претседател Илир Мета на средбата со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Тирана соопштил дека, како Врховен командант, ќе ја извади армијата на улица доколку на 30 јуни има обид да се спроведат изборите, пренесува весникот „Шќип“.
Мета, наводно, добил информации од странски служби за обид за нереди, што како шеф на државата не може да го дозволи, пренесува истиот извор.
Средбата со амбасадоритетраела два часа, била посветена на политичката криза во земјата, посебно за одлуката на Мета за одложување на изборите.
Претседателот Мета денеска испратил писмо до амбасадорите во кое повторно ги наведува причините за одложување на изборите и додава дека „Албанците нема да гласаат на 30 јуни“.
Тој во писмото, исто така, оценува дека постапката за негово разрешување претставува државен удар.




