Албанскиот премиер Еди Рама синоќа изјави дека претседатеот на Албанија Илир Мета нема право и натаму да остане на сегашната функција.
Според Рама, претседателот со своја сопствена ракас и ја запечати судбината со вчерашната одлуката да ги одложи локалните избори во земјата закажани за 30 јуни.
Уште повеќе, Рама му порача на претседателот дека од легален аспект, неговата одука нема никаква вредност, но од морален аспект – тоа претставува срамна одлука, пренесува Albanian Daily News.
„Вчера , Илир Мета си ја одреди судбината со неговите сопствени раце, како претседател кој го изгуби правото да остане во Кабинетот“, изјави Рама.
Претседателот на Албанија – во пресрет на големиот, 8ми по ред протест на здруженатга албанска опозиција која бара заминување на Еди Рама и предвремени избори – изјави дека ги одложува локалните избори закажани на 30-ти јуни.





