Сите малцинства во Албанија, како и бугарското се заштитени и се прават сите напори тие да се гордеат со својот идентитет и секогаш да бидат добро интегрирани и поддржани од сите институции. Ова го изјави албанскиот претседател Илир Мета во одговор на прашање на БГНЕС.
Ние ги сметаме (бугарското национално малцинство – ред. Забелешка) како многу добар придонес во меѓусебните односи, рече Мета на заедничката прес-конференција со Румен Радев во Софија.
Радев: Велиме Да за почеток на преговори на Албанија со ЕУ
Тој истакна дека стабилноста на Западен Балкан е многу важна и за Албанија и за Бугарија и му се заблагодари на неговиот колега Радев за поддршката.
„Оптимист сум дека по отворањето на воздушната врска меѓу Тирана и Софија ќе има зголемување на протокот во сите правци“ рерче Мета.
Ова ќе биде голем потенцијал за проширување на нашите односи, за зајакнување на нашето пријателство на полето на економијата, рече Илир Мета.







