Истрага спроведена од федералните власти на Илиноис ги потврди наводите аа повеќе од 1.900 жртви на злоупотреба на деца извршени од католичкото свештенство на американската сојузна држава, објави на прес-конференција јавниот обвинителиот Кваме Раул.
Истрагата траела пет години и откри стотици повеќе случаи отколку што првично објавија парохиите, пренесува Индекс.хр
Истрагата се водела во шест епархии од Илиноис кои покриваат 3,5 милиони католици.
Инспекторите ги потврдија наводите за сексуална злоупотреба на деца против 451 свештеник и верски браќа.
Некои од овие свештеници имале по една жртва, други десетици.
Најмалку 1.997 жртви пријавиле дека биле малтретирани од свештенството од Илиноис, се вели во извештајот.
Речиси сите од нив се бореа со проблеми со менталното здравје, покажа извештајот, при што некои се свртеа кон алкохол и зависност, а други страдаа од вознемиреност и чувство на безвредност.
Некои се бореле со самоубиствени мисли, додека други имале физички, здравствени и финансиски проблеми.
Бискупот Томас Џон Папроцки од бискупијата во Спрингфилд по откритијата изјави дека „не се запознаени за никаков инцидент на сексуална злоупотреба на малолетник од страна на свештеник што наводно се случил во оваа епархија во последните 20 години“.
Тој, исто така, рече дека епархијата е „целосно посветена да стори сé што може за да спречи злоупотребата да се повтори“.
Конференцијата на католичките бискупи на Соединетите држави сè уште не ги коментираше наодите од извештајот.






