„Илинденска Македонија“ пропадна за 24 часа, ОХИ од Кирјакос

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го отфрли предлогот „Република Илинденска Македонија“ како иредентистички.



Одбивањето доаѓа откако за него во Софија разговарале премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, а вториот по телефон го информирал за тоа Мицотакис, кој е лидер на грчката опозиција.

Според извори во Неа демократија, терминот Илинден е историски поврзан со обидите да се создаде македонска нација, која што го вклучува Солун и се протега до Егејот.

Против ова име е и ексминистерот за надворешни работи Евангелос Венизелос, според кој името е „епитом на иредентизмот“.

Според грчките медиуми, Илинден е антинацистичко движење на Балканот во 1944 година, кое требало да ја обедини географска Македонија.

Грчки извори пренесуваат дека Ципрас од Заев побарал време за да се процесира новиот предлог и да ги држи ниско очекувањата на јавноста.