“Илинденска” како експозитура на бугарската влада

Преговорите со Бугарија да запрат веднаш бара претседателот на организацијата Светски Македонски Конгрес Тодор Петров според кого договорот со Бугарија мора да биде раскинат.



За него е неприфатливо македонската влада да спроведува акциски план наметнат од друга држава.

“Од посетата на Бучковски, Македонија заработи “Акциски план за спроведување на договорот со Македонија до сите министерства!” Па добро бре, македонската влада, експозитура ли е на бугарската? Затоа безусловен крај на разговорите и раскинување на договорот сега и веднаш! Доста е!”, вели Петров по посетата на екс премиерот Бучковски.