Претседателот на Партијата на Македонците во Србија, Горан Илијевски, вели дека Македонија треба да ја преиспита одлуката за признавање на Косово, по последните случувања со посетата на Тетово и Чаир на косовскиот премиер Аљбин Курти.



Тој вели дека одлуката е донесена спротивно на волјата на народот и бара распишување на референдум за ова прашање, пренесува порталот мкд.мк.

„Го признавте Косово иако од Косово имаше класичен упад на КЗК корпус и напад на воен конвој на АРМ од страна на косовските сили. Има споменици за амнестираните терористи, дел од нив станаа државни функционери, како на пример претседателот на Собранието, кого и денес го нарекуваат команданте.

А, за загинатите припадници на АРМ нема решен статус и обележјата (не споменици) постојано се кршат. Во која држава во светот го има тоа, терористи (УЧК е прогласена за терористичка организација) сега да управуваат со државни институции? Поголема штета прават денеска што ги уриваат институциите како продолжение на 2001 година“, вели Илијевски.