Ви требаа 5 години за да го разберете тоа што ви го зборувавме.Направивте голема БЕЉА. Сега е време за ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ.
Велевте ова е патеката.
Велевте Договор со Бугарија ги затвара сите прашања.
Велевте Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач.
Велевте дека не се чепка во македонскиот идентитет.Велевте дека македонскиот јазик ни е бетон.
Велевте нема да се чепка во Уставот.Велевте дека уште името и се ќе биде лесно.
Велевте дека за блокадите Македонија е сама крива.
Велевте дека Грција и Бугарија ќе не внесат во ЕУ.
Велевте претходната Влада свесно ја држи Македонија под блокада.Велевте “се е тоа во глава на вмровците”.
Велевте дека вие знаете да не однесете во Брисел.
Бевте/и сте неуки на балкански историски теми.
Бевте/и сте неискусни да работите со вистински предизвици.
Бевте/и сте арогантни кога ви се велеше дека грешите.
Бевте/и сте фантазери мислејќи дека само вас ве чекаат во Европа.
Бевте/и сте без чуство за проблемите што ги предизвикавте на државата и на многу луѓе поединечно.
Ги потрошивте најсилните аргументи и позиции што ги имаше Република Македонијаза да денес, после 5 години криза, протести, политичко обвинителство,фабрикувани судски предмети, напади, кршење, закани, тепачки, менување име, нарушување идентитет,да ни го кажете тоа што ви беше кажувано пред 5 години.
Затоа, ОДГОВОРНОСТ и ОСТАВКИ, пишува поранешниот пратеник Илија Димовски на Фејсбук





