Илиевски за уцената од Бугарија: Блесавата СДС-политика создаде поголем проблем од грчкиот

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, ги нарече „историски резил“ и „огромно предавство“ потписите од Зоран Заев и од Никола Димитров на договорите со Бугарија и со Грција, коментирајќи го најновото бугарско условување за македонската евроинтеграција.



„Блесавата СДС-политика создаде нов поголем проблем од грчкиот, свесно потпишувајќи ‘дозвола’ да нѐ условуваат со идентитетот преку историјата. Грците тоа го правеа тотално противправно, а сега параф им дадоа Заев и Димитров. Историски резил! Огромно предавство!“, реагира на Фејсбук еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.