Илиевски за признанието за Заев: Ова е како на Ким Јонг Ун да му се додели награда за демократија

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, со реакција за наградата за премиерот Зоран Заев од германската фондација „Фридрих Еберт“.



„Му доделиле награда за човекови права на човекот кој го одзеде правото на своите сонародници кои се самоопределија да живеат во Република Македонија (преку политичко насилство после неуспешниот лажен референдум) и кој се откажа од Македонците во соседството кои имаат право да се самоопределуваат како Македонци (поврзани со Република Македонија).

Ова е како на Ким Јонг Ун да му се додели награда за демократија“, коментира еден од лидерите на граѓанската иницијатива „за заедничка Македонија“.