Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, со реакција по честитката од премиерот Зоран Заев за Денот на македонската револуционерна броба.
„Човекот кој да живееше во османлиско време моментално и без проблем ќе се преименуваше во Зулфиќар Зулум и ќе заговараше дека е важно да ја гледаме соработката и иднината со поробителите, а не да гледаме кон минатото…
Човекот кој ќе ги убедуваше соселаните дека е глупаво да се дигаат на востание туку треба да го преименуваат селскиот пат во Пријателство и да најдат начини на соработка со окупаторот…
Човекот кој би ги разубедувал Основачите дека не е во ред да се формира револуционерна организација бидејќи тоа е терористичко загрозување на осмалнискиот поредок…
Човекот кој Калеш Анѓа би ја нарекол ретроградна жена без визија за општото добро…
Човекот кој без борба распродаде сè и на продажба ги стави сите македонски дејци кои се откажале од сè, поради борбата…
…штотуку се обиде да го честита денот на ВМРО.
Блес/к/ава работа“, коментира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.





