Илиевски: Смрт на фашизмот, слобода на народот! Не обратно

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, ја честита победата над фашизмот со фотографија од челниците на Президиумот на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), претседателот Методија Андонов-Ченто и потпретседателот Панко Брашнаров.



„Честит ден на победата над фашизмот!

Смрт на фашизмот, слобода на народот. Не обратно.

Едниот лево окапа и се разболе по затвори гонет од комунистичките кучиња и умре измачен, но чесен, а за другиот десно гробот не знаеме каде му е. Сепак, Ченто и Панко остануваат симболи на слободата, а оние против кои се бореле – она другото.

Воедно, честит нека ѝ е денот и на лулката на балгарскио космодебилизам. Секој со своите херои“, напиша Илиевски на Фејсбук.