Богдан Илиевски, еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, ги коментира гласиштата за дефинирање на револуционерот Гоце Делчев како Македонец во регионална смисла, а Бугарин во етничка.
„Да не греши никој, никогаш:
Не се преговара за Делчев, се преговара за сите нас. Што ќе „дефинираат“ за Делчев ќе биде нивна дефиниција за сите нас. Односно ќе се промени ИДЕНТИТЕТОТ со каква и да е дефиниција/договор на некакви си историски комисии кои станаа дел од договорот за уцени и условувања, потпишан од, со име и презиме, Зоран Заев и Никола Димитров.
Со великобалгарските тези „признаваме дека сега сте Македонци, ама сте формирани во 1945-та, пред тоа сте биле Бугари“ кои се позиции на бугарската држава во овие преговори, се пристапува кон редефинирањето на ликот и делото на Гоце Делчев. А редефинирање на Делчев е редефинирање на македонскиот идентитет.
400 милиони пати досега се кажало, ама ваљда сега ќе сфатат и најупоритите кои не сакаа да поверуваат дека битката на сегашниве за власт е за моќ и корист, а не за права и правдини. Ако не сфатат, историјата е секогаш тука да се повторува, за да ја учат и повторувачите. Како и секогаш – учат предоцна. И откако ќе поднаучат – брзо забораваат.
Ако не сфатат, историјата е секогаш тука да се повторува, за да ја учат и повторувачите. Како и секогаш – учат предоцна. И откако ќе поднаучат – брзо забораваат.
*******
Што ќе одлучат за Гоце, одлучиле за тебе и за мене. Колку ќе го браниме Гоце, толку ќе се одбраниме себеси. Гоце е епитомот за македонската национална борба. И е резил што е воопшто тема на било какви преговори. Но, од партијата која рече дека „политиките на патриотизмот не и прилегаат“, „ако сите соседи имаат проблем со нас, не е проблемот со соседите туку со нас“ и „треба да ја свиткаме кичмата“ (за името), од партијата која променима име во ФИРОМ, па во Северна, променила знаме, променила територијална прераспределба, редефинираше употреба на јазик… јас ништо повеќе и не очекувам.
Ако ова е власта која ја заслужуваме, не го ни заслужуваме Гоце“, категоричен е Илиевски.





