Илиевски: Не е албанофобија ако некој те замоли да не му се качуваш на глава

Телевизискиот водител Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит јавно им се обрати на партиите на Албанците во Македонија што ја обвинија македонската јавност за албанофобија поради жестоките реакции за неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти на скопски Чаир и на Тетово.



„Видете вака дечки,

1. Иредентизам е идеологија во која една држава сака да ги прошири границите на териториите на кои живее нејзино малцинство. Освен ако Тетово не се наоѓа во друга држава и Македонија сака да ги прошири границите врз Тетово, ти дечко појма немаш шо зборвиш.

2. Институционално понижување не е вработување по Бадентер и балансер во кое квалификатив не е квалитетот, туку етникумот. Тоа е институционално ФАВОРИЗИРАЊЕ.

3. Граѓани од втор ред или од трет ред не се оние на кои ќе им замериш затоа што немаат почит кон химната на државата и на државоносниот народ, но немаат проблем да лапаат функции на ангро кои им ги делат Заев и Ковачевски за да им ги греат столчињата додека ја распродаваат државата. Во Македонија МАКЕДОНЦИТЕ се често и особено во клучни моменти граѓани од втор ред затоа што нивната мнозинска волја не е испочитувана во низа национални одлуки кои директно нè задираат токму нас.

4. Никој нема уставно право во Македонија да вее знамиња на кои територија на Македонија е нацртана во друга држава.

5. Никој нема уставно право да пречекува косовски премиер во Тетово со песна Welcome to Albania.

6. Домаќин си на Курти кој кон Србите на Косово не се однесува како Македонците кон Албанците и сепак држиш лекции за симболите, химните и другите белези на односот кон малцинствата во една држава, во случајот нашата – Македонија.

7. Не е албанофобија ако некој те замоли да не му се качуваш на глава, или ако веќе си качен – да си го прибереш каишот на панталоните. Не е албанофобија ако не е албанољупство. Има и нешто измеѓу, се вика должна почит и тоа е фреквенцијата за која треба барем минимум напор да вложиме. А не да се вложува во is it because im black наративот кој овде НЕ ПОС-ТО-И.

8. Не е фер и не е однос на почит кон комшиите со кои делиш леб да им вртиш грб во клучни моменти како уцените на Бугарија. Замисли утре Србија ако влезе во ЕУ пред нас да постави услов ‘или Скендербег ќе го пишете дека е Србин, или нема ЕУ за вас’ – и ние запнеме тоа да го направиме. Како ќе се осеќате? Се случувало точно спротивното, Косово е признато од оваа држава. И тоа не е океј. Морало и премиерот на Косово кога ќе дојде тука да му пееме Welcome to Albania. Можеби и да му ракоплескаме и да вееме заедно знаме на голема Албанија, за да не се увредите.

9. Но, НАЈГОЛЕМАТА навреда кон Македонците е да кажеш дека бандата која ја распродава државата за шаку долара била ‘националистичка’.

10. Срамота. Вака не бива“, таксативно ги наброи своите забелешки Илиевски во објавата на Фејсбук.