Илиевски: Лага е дека бугарските власти го осудија Трифонов за уцените кон Македонија

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит ја анализира реакцијата на бугарските фактори по уцените од Слави Трифонов кон Македонија.



Иако повеќе медиуми пишуваа дека тој бил изолиран од бугарските партии на власт сепак Илиевски анализира дека тоа не е случај.

Никој не го напаѓа Трифонов за неговите закани и уцени кон Македонија туку за предавство на националните бугарски интереси.

,,Инаку по однос на реакциите во Бугарија и медиумските опсервации кај нас дека по статусот на Слави претседателот на Има Таков Народ „се дистанцирале од Трифонов коалиционите партнери“, реакциите во БГ јавноста беа дека ги продавал бугарските национални интереси*** за да добијат амерички визи. А не беа реакциите дека услови со „Северномакедонците мора да признаат бугарско потекло“.

Чисто да знајте колку е сатот, ако уште не знајте 🙂

***при што истиот напиша дека визите ги бара згора на се претходно, односно „почитување на договорот“ т.е. промена на историјата т.е. промена на идентитетот, овозможена од големиот лидер Зоќеслав и неговиот потпис на договорот со Борисов”, пишува во свој стил Илиевски кој анализира дека иако првично така изгледаше практично Трифонов не е осуден од бугарската јавност затоа што ја уценува Македонија.