Илиевски до Димитров за условувањето од Бугарија: Твојте греој ќе ги јајме сите

Еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, ги коментира на Фејсбук најновото условување од Бугарија за датумот за преговори со Европската унија и реакција на министерот за надворешни работи Никола Димитров.



„А бе, нели ги решивте сите прашања со комшииве со вашите блескави политики и нели датумот е извесен? Шо е сеа ова чудо, ејгиди ејгиди??

Види вака Патлиџанокио, ниту се европски, човечки и здраворазумни вредности да условуваш насилна смена на име на независна држава, со што ти се китеше, а секој паметен би се срамел. Ама не, будали бевме ко зборвевме дек договорот со Бг е мооожда дури и полош од Преспес, дур’ ти блескаво се фалеше со големите достигнувања. Тенџере едно.

И не е НИКАКОВ ќеф ко ќе речит чоек „ти реков, бе, ти реков“ бидејќи твојте греој ќе ги јајме сите. Ама должност е да знает сите кои биле заблудени и излажани (да не навлегвам од какви причини) што уствари напрајфте и кое е вашето место во историјата. Параспури и шутраци, арамии и безбериќети!“, објави Илиевски.