Илиевски до Агелер: Подразмислете за односот кон „заморчињата“ или донесете ја армијата и да завршиме со „стратешково партнерство“!

Богдан Илиевски, водител на истоименото шоу на ТВ Алфа, преку Фејсбук ѝ се обрати на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во врска со нејзината порака до Македонија: „Ако тешките одлуки (внесувањето Бугари во Уставот – н.з.) не ги направите до декември, луѓе во Белата куќа ќе прашуваат колку сте посветени за ЕУ“.



„Да си вработите објаснувач во Белата куќа, за да не се прашуваат луѓето таму колку сме посветени на ЕУ. Исто така може да си вработите и друг човек кој ќе помогне во справување со прашањето кое си го поставува 80 отсто од народот овде, а гласи: ‘Колку сте посветени ВИЕ за Македонија и луѓето кои живеат во неа, а не само за територијата?

Донесете тешка одлука и одлучете да подразмислите за односот кон ‘заморчињата’. Или донесете ја армијата и да завршиме и формално-правно со ‘стратешково партнерство’“, реагира Илиевски.