Илиевски: Ако имаш автомобил поправан од месар и став гарантиран од Стево – пиши „пропало“

Богдан Илиевски, алијас Бетмен Велит, ја коментира изјавата на претседателот Стево Пендаровски во телевизиско интервју дека „надвор од памет е потпишување нов договор со Бугарија“.



„Народната поговорка вели: Ако имаш автомобил поправан од месар и став гарантиран од Стево – пиши пропало.

Еве мало потсетување на цврстите армирано-бетонски постаменти на оваа псеудоинтелектуална грамада и огромен херој на покондирените опиноци со наполеонов, месијански и комплекс на највисока вредност – колоквијално познати и како вулгаро-северџгани:

‘…душата ќе му ја извадат граѓаните на тој што ќе го смени името. Нема да го остават во таа фотелја во која е. Шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе…’

https://www.magazin.mk/%d0%bf%d0%b5%d0%bd%d0%b4%d0%b0%d1…

Така да, за жал, кога Стево ти гарантира нешто – веројатно може да се простиш од нештото“, вели еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

https://www.facebook.com/ilievski/posts/10158875561512138