Поранешната директорка на УЈП Анастасија Илиеска бара владата да ја повлече промената во законот со кој се предвидува нова даночна мерка која ќе таргетира над 50 илјади компании од кои голем дел можат да згаснат поради новиот данок.
Илиеска смета дека со новиот данок кој ги опфаќа компаниите кои имаат приход до 3 милиони денари или до 50 илјади евра, а тие се најголем број од македонските компании, ќе се случи економски пекол и голем број на луѓе ќе ги загубат бизнисите или работните места.
Наместо нови даноци Илиеска бара помош за овие најранливи фирми кои преку вработување на луѓе и плаќање на даноци се еден од столбовите на македонската економија.






