„Никој не поставува нови услови, но од другата страна, Република с. Македонија, мора да се сфати многу едноставно дека „бугарскиот предлог е европски предлог и подобар нема да има“.
Ова го изјави европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук за БТВ, пренесуваат бугарски медиуми.
„Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на с. Македонија“ вели Ќучук кој рече дека нема да предложи извештај за преговори за пристапување на Македонија во ЕУ.
Илхан Ќучук истакна дека постои можност Македонија да биде одвоена од Албанија во процесот на пристапување во ЕУ доколку не ги исполни условите предвидени во европскиот предлог.







