Европратеникот Илхан Кучук ,известувач за Македонија во Европскиот парламент, во интервју за БНР вели дека враќањето на ветото на Република Македонија би било огромна грешка.
„Тоа би била огромна грешка. Ветото во никој случај не влијаеше на добрососедските односи. Напротив. Овој тип на провокација почна горе-долу од самото вето.
Она што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го покажаа европските институции, смета Ќучук.
Тој ја дефинира тензијата меѓу двете земји како висока и додаде дека „не стивнува во многу правци“.
Билатерално ќе имаме многу бурна, непродуктивна година“, очекува Ќучук.
Европратеникот зборуваше и за механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, создаде „голем тим таму, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.
На прашањето како би реагирал Брисел доколку на почетокот на февруари Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и претставници на јавноста да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев, Илхан Ќучук одговори:
„Нема шанси европските институции да го охрабрат ваквото однесување на македонските власти. Ниту Брисел, ниту Стразбур не можат да го прифатат ова како нормален пристап.
„Не можеме да ги сметаме случаите за изолирани. Во исто време, сепак, мора да бараме механизми кои се одржливи. Треба да има механизми за следење во рамките на билатералните односи“, изјави Илхан Кучук.

 
             
		






