Иван Илчев од бугарскиот дел на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања не е многу одушевен од предлогот на ВМРО-БНД за формирање федерација со Македонија.



„Федерацијата многу често е нестабилна творба, која се распаѓа под притисокот на внатрешни центри и на надворешни сили. Во моментов не гледам апсолутно никакви сигнали ниту во Македонија, ниту во Бугарија дека има почва за создавање такво нешто. Луѓето си го поставуваат прашањето кому му одговара тоа. Што би добила Бугарија? Една релативно мала територија со соодветно на тоа малубројно население, а би добиле и многубројно албанско малцинство. Тоа не ми се верува дека ќе биде добро за Бугарите“, изјави професорот на Софискиот универзитет за подкастот на „Дир.бг“.