Утре за прв пат се состанува бугарската комисија задолжена за „пеглање“ на историјата, а  формирана  врз основа на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.



Поранешниот ректор на Софискиот универзитет професор Иван Илчев, кој е член на комисијата, вели дека на првата средба ќе се оценуваат насоките на идната работа.

Тој предвидува дека разговорите ни со Македонија ќе бидат тешки и долги, бидејќи македонската јавност била „обработувана” низ образованието и со масовните медиуми во една одредена насока веќе повеќе од 100 години.

„Задачата нема да биде лесна – да се поврати некакво знаење за минатото, да се наведе дека тоа минато може да стане и би требало да биде основа на добрососедски односи меѓу сега постоечките држави. Би требало да се направат некакви промени во образовниот систем, па да се избегнат некои екстремни проценки и кај двете страни. Процесот ќе биде многу долг и и бавен. Не треба да се очекува брзо решавање на проблемите“.

„Општеството има релативно кратка меморија. Не смееме да заборавиме дека слични комисии имаше во 70-тите и 80-тите години, кои дискутираа како да се избегнат меѓусебно неприфатливи проценки во учебниците по историја и литература. Имаше – бугарско-романска,бугарско-југословенска, така што имаме малку искуство во овој поглед“.

Иван Илчев, смета дека денешните студентите така и општество како целина не ги познаваат доволно соседните држави и тоа се должи и на содржината на учебниците.

Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева  неодфамна најави дека „спорните историски моменти“ меѓу Македонија и Бугарија ќе почнат да се разгледуваат во јуни од 14 експерти од двете држави, кои ќе бараат консензус за прашањата за кои постојат разлики меѓу двата соседа, извести бугарската телевизија Нова.

„Нашата одлука е да има и дипломати, но историчарите се основата. Имаме писател, уважен професор и специјалист по средновековна литература“, рече  Захариева.