Илчев: Целото наше општество, заедно со политичарите, мора да се оттргне од мислата за братство со македонскиот народ

Бугарскиот историчар Иван Илчев, член на Мешовитата комисија со Македонија за историски и образовни прашања, смета дека целата политика на Бугарија кон соседот е погрешна.



„Потпишаниот протокол за односите беше избрзан, без да се поставуваат временски рамки, без услови за гаранции, туку на принцип на желба. Целото наше општество, заедно со политичарите, мора да се оттргне од мислата за братство со македонскиот народ. Од повеќе причини, во голема мерка поради грешките на нашите политичари и државници, Северна Македонија тргна по спротивен пат од нашиот“, констатира Илчев за Бугарското национално радио (БНР), кој не гледа каде уште повеќе може да се влошат односите меѓу двете земји.

„Со брзи чекори се движиме кон полошо“, ја опиша тој работата на Комисијата, на која, според него, ѝ биле доделени функции кои не би требало да ги има.

„Прашањата, вклучително и за заедничкото минато, се прашања што треба да ги решат државите. И во Бугарија, и во Северна Македонија, државата дава план-програма за пишување учебници и што треба да содржат тие. Многу е тешко поединечни автори да си дозволат да напишат нешто што радикално отстапува од она што го сака државата. Ова е особено тешко за колегите од Северна Македонија, чијашто досегашна кариера е изградена на невистини, во најголем дел, и им е исклучително тешко да ги променат работите“, вели Илчев.

Проф. Илчев е на мислење дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија нема да доведе до ништо. Според него, прашање не е што пишува на белата хартија, туку што е спроведено и што се крие зад тоа.

Поранешниот ректор на државниот Универзитет „Свети Климент Охридски“ во Софија е на мислење дека вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав нема да доведе до ништо. Според него, прашањето не е што пишува на белата хартија, туку што е спроведено и што се крие зад тоа.