Играчот со број 5 открива што треба да има еден топ пикер (ВИДЕО)

Во кратко интервју за ЕХФ Стојанче Стоилов открива дека пред да почне на 18 години да игра ракомет тренирал кошарка но не многу успешно.



За да се биде добар играч треба да се има тежина, се шегува на своја сметка популарниот Столе или “играчот со број 5” како што го нарекуваше албанскиот сервис на националната телевизија.

Треба да се има ум, открива Столе што друго треба да поседува еден добар ракометар – пикер како него.

Не знае што друго би работел ако не е ракометар.