Оперскиот пејач Игор Дурловски кој беше суден за тероризам за настаните од 27 април веќе не е пратеник.
Носителот на листата број 5 на ВМРО-ДПМНЕ си дал оставка од пратеничката функција.
“Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот. Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата „За обнова на Македонија“ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.
Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам!
Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.
Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба”, објави Дурловски користејќи ги хаштазите #Македонија и
#Слобода.
Реакција на опозицијата
ВМРО-ДПМНЕ ја почитува одлуката на Дурловски кој останува советник на Мицкоски






