IFIMES: Еди Рама како „албански Милошевиќ“

Судејќи според неговото политичко делување, aлбанскиот премиер Еди Рама се повеќе потсетува на „албански Милошевиќ“, стои во анализата на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии “IFIMES” во Љубљана, Словенија.



Аналитичарите сметаат дека голема е веројатноста во Албанија да избие вооружен конфликт.

Патот кон стабилизацијата на ситуацијата се гледа само во формирање на транзициска влада која ќе подготви терен за фер и слободни избори, затоа што во спротивно, Рама ќе ја доведе Албанија до граѓанска војна.

 “IFIMES” истакнува дека албанскиот премиер Еди Рама на сомнителен начин, со корупција, успеал да оствари некакво влијание во Брисел.

Од “IFIMES” потсетуваат дека Албанија од 1991-ва до 1997 година веќе беше на работ на граѓанска војна.

За албанската опозиција се вели дека е најдржавотворна од сите опозиции во регионот и силно се спротиставува на „омразениот режим на Еди Рама“. 

Извор: Точка