Најверојатно по реакција на шефот на грчката опозиција Киријакос Мицотакис, кандидатот за претседател на Европската комисија на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер демантира дека дал интервју за спорот за името.
“Целосно ја почитувам чувствителноста на грчкиот народ околу спорот за името со ФИРОМ. Немало интервју на оваа тема. Го почитувам ставот на Мицотакис и силно верувам дека ќе ја води Грција кон стабилност и просперитет преку справување со популизмот”, напиша Вебер на својот Твитер профил без да објасни зошто реагира.
На постот на Вебер одговори новинарот Георги Готев од порталот Еуроактив кој предходно ја цитираше изјавата на Вебер со најава дека ќе биде објавена снимката од интервјуто.
Спиред Еурактив Вебер изјавил дека е неопходно решение за спорот меѓу Атина и Скопје и отворање на европската перспектива за Македонија.
Порталот пренесува дека на Ципрас не му е потребна опозицијата за да го ратификува договорот од Преспа и дека ако е тој ратификуван и е дел од законите Мицотакис ќе го почитува, нешто што сега Вебер негира дека воопшто го изјавил за „Еуроактив“.
Вебер веднаш на социјалните мрежи беше наречен “лажго” а дел од членовите на ЕПП се обидоа да објаснат дека состанокот на кој зборувал Вебер бил “off the record” и Еуроактив не требало да цитира изјави.





