Идната шефица на ЕК не спомнува проширување на ЕУ

Кандидат за наследник на Јункер на челната позиција на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, во својот говор пред Европскиот парламент ниту еднаш не ја спомна Македонија и проширувањето на Унијата.



Таа ги презентираше приоритетите на нејзиниот мандат. Вети силна борба против климатските промени, меѓународна помош за бегалците и повисоки плати за работниците, но не и проширување, иако деновиве, одговарајќи на пратенички прашања, таа порача дека Македонија и Албанија треба да започнат преговори за членство во Унијата.

Македонија ја спомена минатата недела при претставувањето на својата програма пред пратеничките групи во Европскиот парламент, каде рече дека земјава претставува „светол пример“ дека се може да се постигне кога се има јасна цел.

За да биде избрана за претседател на Европската комисија, на Фон дер Лајен и се потребни 374  гласови од вкупно 741 во Европскиот парламент.