АД ЕСМ идната недела ќе објави кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите, а рокот зџа доставување на понудин заврши вчера.



Понудите ќе бидат разгледаат и од вторник идната недела ќе ја информираат јавноста за понудите на фирмите.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, вчера кажа дека се очекува да пристигнат повеќе понуди за набавка на природен гас, меѓу кои треба да биде и понудата од компанијата „Пегео“ чии контакти ги достави опозицијата.

Од компаниите се побаруваат вкупно 225 милиони нормални кубни метри гас за период од шест месеци при што се номинирани месечни количини.

Како што напомена директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, толку е потребно, ако работат ТЕ-ТО и топланите „Исток – Запад“ и „Скопје Север“.