Анџела Прајс Агелер е предлог на американскиот претседател Џо Бајден за амбасадор на САД во земјава, која доаѓа на емстото на Кејт Мари Брнз.



Прајс Агелер е дипломатка од кариера, таа и претходно работела во амбасадата на САД во Македонија како службеничка за односи со јавноста во американската амбасада во периодот кога амбасадори беа Рикер и Волерс, а досега била и в.д. амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан.

Таа претходно работела и како советник за односи со јавноста во амбасадата на САД во Париз, Франција, а била и на дипломатски задачи во американските амбасади во Буркина Фасо, Унгарија, Виетнам, како и во конзулатот во Ченај, Индија.

Идната амбасадорка на САД во земјава покрај англиски зборува и француски, македонски и хинди.

Прајс Агелер, по потврдувањето на нејзината номинација во Сенатот, ќе дојде на местото на Кејт Мари Брнз, која беше назначена за амбасадорка во Скопје во мај 2019 година.