Еден од главните пропагандисти и идеолози на владата на Заев тврди дека падот на Македонија на листата на најкорумпирани земји не било лоша вест.
Саше Ивановски Аналитико тврди дека порано се крадело со контрола а сега краде кој стигне и се краде за сопствено задоволство без никаква контрола.
“Вреди да се земе во предвид и уште една работа, во времето на Грујо, се знаеше кој смее да краде, само со дозвола на Сашо Мијалков и Груевски, дури и во крадењето имаше диктатура! Тоа не значи дека помалце пари се краделе, туку само оделе во еден центар на трупање, а тоа е во партијата и во фамилијата.
Сега тоа го нема, има слобода а со слободата одат и некои неубави нешта. Тоа е, секој си краде за свој ќеф”, вели Ивановски кој директно ја обвини владата на дека краде без никаква контрола.
Ивановски заедно со Бранко Тричковски е еден од луѓето кои ја креираат медиумската политика на Заев и е човек од доверба на премиерот.







