Колку е заштитен идентитетот на македонската држава со Преспанскиот договор, како што тврдеа Заев, Димитров и компанија, покажува веста на порталот „Њузбук“ од Малта за потпишаниот договор за соработка во заштитата на правата на потрошувачите меѓу оваа земја и – „Северно од Македонија“!
„Малта и Република Северно од Македонија потпишаа меморандум за разбирање со цел унапредување на соработката во областа на заштитата на потрошувачите“, се вели во информацијата за договорот потпишан од Хелга Пицуто, претседавач на Управата за конкуренција и потрошувачки прашања на Малта, и Џеват Кицара, директор на македонскиот Институт за стандардизација.





