Наспроти уверувањата од премиерот Зоран Заев дека, и покрај промената на името на државата, го зацементирале македонскиот идентитет, Радиотелевизија на Словенија измисли „Северни Македонци“ во својот извештај за контролниот фудбалски натпревар меѓу селекциите на двете земји до 21 година во Кршко.
ОД РТВ Словенија очигледно не слушнале ни за упатството за медиумите на потписникот на Преспанскиот договор, ексминистерот за надворешни работи и сегашен вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров, па уште на две места во извештајот наведуваат некакви „Северни Македонци“.
Пред две години словенечката државна телевизија направи идентична грешка и во најавата за мечот во Љубљана меѓу двете ексјугословенски републики во квалификациите за ова ЕП, но потоа се поправи по укажувањата од македонска страна
Словенците славеа со 3:0 во средбата одиграна во Кршко, која за двата тима е подготвителна за есенскиот старт на квалификациите за Европското првенство.






